УКРАИНА БАРА УШТЕ 50 ХИМАРС СИСТЕМИ ЗА ПРЕСВРТ ВО ВОЈНАТА Русите гранатираат во Запорожје, Херсон, Мариупол…

Министерството за одбрана на Велика Британија го објави најновиот разузнавачки извештај за кризата во Украина. Во извештајот се наведува дека руските сили почнале со изградба на „голем пловечки мост“ преку реката Днепар.

10,370

„Цената за постигнување паритет на оган и уништување на логистиката на руската армија е „помала од јахтата на еден руски олигарх“.

Вака изјави Михаило Подољак, висок советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој предложи дека ќе бидат потребни 50 системи со долг дострел ХИМАРС испорачани од САД, по цена од околу 200 милиони долари, за „целосно да се промени текот на војната“.






Во 181 ден од  војната битки се бијат во Мариупол, Севастопол, Харков, а експлозии се слушаат и во близината на централата Запорожје.

Уништена котларата во Мариупол?

Украински извори јавуваат дека руските сили нападнале котлара во градот Мариупол во јужна Украина. Советникот на градоначалникот Петро Андриушченко извести дека руските сили рано утринава ја нападнале градската котлара.

„Русите повторно ја предизвикаа експлозијата. Беше толку гласна што цел град можеше да ја слушне“, рече тој.

Тој посочи дека наместо да се подготвуваат за зима и да градат котлари, „окупаторите ги уништуваат дури и остатоците“. На социјалните мрежи кружат непотврдени видеа од Мариупол.

американскиот ракетен фрлач ХИМАРС, фото: твитер/принтскрин

 Експлозии во Севастопол

Рускиот гувернер на Севастопол на Крим денеска изјави дека во близина на градот е активиран систем за противвоздушна одбрана, откако руските медиуми објавија дека во градот се слушнале експлозии.

Гувернерот Михаил Развозајев на Телеграм напиша дека една зграда е урната.

 

Русите градат мост на Днепар

Министерството за одбрана на Велика Британија го објави најновиот разузнавачки извештај за кризата во Украина. Во извештајот се наведува дека руските сили почнале со изградба на „голем пловечки мост“ преку реката Днепар.

„Ова ќе обезбеди клучна врска меѓу Херсон, кој беше окупиран од Русите, и истокот“, додаваат тие.

Треперењето на нуклеарните сабји мора да престане

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, побара да се стави крај на „штракањето на нуклеарните сабји“ во регионот Запорожје, велејќи дека светот е во „момент на максимална опасност“ и дека сите земји со нуклеарно оружје мора да се обврзат „да не го користат“.

Шефот на ОН ја опиша ситуацијата во украинската нуклеарна централа Запорожје, најголемата во Европа, како критична. Гранатирањето и борбите продолжуваат во областа.

Утрово Русија изведува артилериски и воздушни напади врз областа Запорожје, соопшти украинскиот Генералштаб.

Нападите се случуваат пред утрешниот Ден на независноста на Украина, кој ја одбележува слободата од советската власт. Киев ги забрани јавните прослави, наведувајќи ги заканите за нови напади како причина.

 Евакуирани 825 лица од регионот Харков

Вицепремиерката на Украина Ирина Верешчук соопшти дека 825 лица се евакуирани од областа Харков во североисточна Украина.

Во пораката на Телеграм таа наведе: „Успешна хуманитарна операција: 825 лица беа евакуирани денеска од неконтролиран дел на регионот Харков, од кои 238 се деца“.

Руските сили утринава го гранатираа Харков, објави градоначалникот Игор Терехов.

Тој изјавил дека била погодена приватна куќа и дека според досегашните информации нема повредени, пренесува Униан.

Полскиот претседател пристигна во Киев

Полскиот претседател Анджеј Дуда пристигна во Киев на разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Двајцата лидери ќе разговараат за актуелната воена ситуација во Украина, економската и хуманитарната поддршка и билатералната соработка, се наведува на официјалниот Твитер профил на Дуда.

Поврзани содржини