Украдена изјавата на родилката на ГАК, инспектори ќе откриваат кој е крадецот

1,614

Исчезнала Изјавата од медицинското досие на родилката-докторка во која потпишала дека нема заболен член на семејството, а при прием криела дека нејзиниот свекор е позитивен на Ковид, објави  НОВА. Случајот е пријавен во МВР и во моментот на Клиниката за гинекологија треба да пристигнат инспектори за да се истражи кој ја украл Изјавата од просторијата каде што стоело медицинското досие. Информацијата за НОВА ја потврдила директорката на Клиниката, д-р Викторија Јовановска.

–  Да точно е, исчезна Изјавата од пациентката. Во надзорна камера го имаме снимено моментот како ја потпишува Изјавата. Но, таму каде што стои досието нема камера. Повикавме полиција за да се открие кој го украл документот – изјавила Јовановска.






Директорката на ГАК тврди дека вчера имала притисоци од семејството на родилката да се повлече нејзината Изјава и случајот да се смири, бидејќи „биле угледно семејство“.

За родилката која на Клиниката за гинекологија кажала при прием дека е докторка,

Плусинфо вчера објави дека и за тоа лажела, бидејќи, како што потврдија од Лекарската комора на Македонија, ја нема во Регистерот.

Било утрдено дека таа сепак дипломирала на Факултетот за медицина, но нема лиценца и не положила државен испит.

Оваа пациентка дури во третата болница каде била примена, на Клиниката за инфективни болести, каде  се лекува, потврдила дека една недела пред да се породи добила симптоми, како  болки во грлото.

Поврзани содржини