УКРАДЕНА БРОНЗЕНА БИСТА ОД ГРОБИШТА ВО ОРЕШАНИ Жена го пријавила исчезнувањето на спомен-плочата со ликот на починатиот брат

Жена од Скопје, 75-годишната В.Т, пријавила во полиција дека во периодот од 3 ноември минатата година до 8 мај годинава, од гробното место на нејзиниот починат брат била одземена бронзена биста што била поставена таму.

1,066

Од гробно место во село Орешани, општина Зелениково, исчезнала бронзена биста со ликот на починато лице, при што сопственичката на гробот го пријавила случајот во полиција.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, денеска во 08:40 часот, во СВР Скопје, 75-годишната В.Т. од Скопје пријавила дека во периодот од 3 ноември 2024 година до 8 мај 2025 година, од гробот на нејзиниот починат брат е украдена поставената биста.






Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот, а засега не се откриваат дополнителни детали дали станува збор за кражба од личен, материјален или од друг мотив.

Кражбите од гробишта, особено на метални објекти, се сè почеста појава последните години и се сметаат за тешко морално и кривично дело.

УКРАДЕНИ СЕ 2 БРОНЗЕНИ БИСТИ НА ГРОБИШТАТА „БУТЕЛ“ Полицијата истражува, случаите стануваат сѐ почести

 

 

 

 

Поврзани содржини