УКИНАТ ПРИТВОРОТ ЗА ДОДИК Лидерот на босанските Срби ќе се брани од слобода

Според некои правни експерти, ослободувањето е логично и очекувано, бидејќи со самоиницијативното појавување тој покажал дека нема намера да бега. Во заедничкото соопштение на судот и на обвинителството на Босна и Херцеговина се вели дека Додик бил предупреден дека може повторно да му биде одреден притвор доколку ги прекрши обврските што произлегуваат од изречените мерки на забрана.

658

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, е пуштен да се брани од слобода откако се појави пред Судот на Босна и Херцеговина, односно Обвинителството на Босна и Херцеговина, пишува „Дневни аваз“.

Тој бил пуштен откако дал неколкучасовен исказ пред обвинител.






Според некои правни експерти, ослободувањето е логично и очекувано, бидејќи со самоиницијативното појавување тој покажал дека нема намера да бега. Судот на Босна и Херцеговина и Обвинителството на Босна и Херцеговина потоа издадоа заедничко соопштение за медиумите.

Меѓу другото, во соопштението се вели и дека „контролата на оправданоста на времетраењето на овие мерки ќе се спроведува на секои два (2) месеци. Осомничениот беше посебно предупреден дека може да му биде одреден притвор доколку ги прекрши обврските што произлегуваат од изречените мерки на забрана“.

Поврзани содржини