УЕФА избира најдобар играч, Меси и Роналдо по 10 години не се во конкуренција

392

Првпат по 10 години во конкуренција за најдобар фудбалер на годината според изборот на Европската фудбалска федерација ( УЕФА) ги нема Лионел Меси и Кристијан Роналдо, единствените двајца играчи кои таа награда ја освоиле во последната деценија.

Во конкуренција за наградата за годинава се Кевин Де Бројне од Манчестер сити и двоецот на Баерн Роберт Левандовски и Мануел Нојер.






Де Бруоен во трката влегува како најдобар играч во минатата сезона во Англија, а конкурентите од Баерн ја освоија Лигата на прваци, па изборот ќе биде неизвесен.

Поврзани содржини