УДРИЛ ВО ПАРКИРАНО „ПОЛО“ НА АВТОПАТОТ КАЈ СТОБИ Загина мотоциклист од Велес

Лекар од Итната медицинска помош констатира смрт на лице место, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција, соопшти МВР.

874

Мотоциклист од Градско во петокот, 15 август, загинал во тешка сообраќајна несреќа кај Стоби на регионалниот пат Велес–Градско, јави Министерството за внатрешни работи..

Кон 15:48 часот во петокот, мотоцикл со велешки регистарски ознаки, управуван од 52-годишниот Д.Н., удрил во „фолксваген поло“  на 37-годишниот Ј.К. од Градско.






„Полото“ било паркирано покрај патот од 37-годишниот Ј.К. од Градско, се вели во полицискиот билтен.

„Лекар од Итната медицинска помош констатира смрт на лице место, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција“, соопшти МВР.

Поврзани содржини