УДРИЛ МАЛОЛЕТНИЦИ СО КОЛА ПА ДОБИЛ ЌОТЕК Повредени деца во Миладиновци, следувала одмазда врз возачот

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот, а неофицијално се претпоставува дека нападот можеби бил од страна на луѓе блиски на повредените деца.

1,106

Во село Миладиновци, скопско, синоќа околу 21:15 часот се случила тешка сообраќајна несреќа кога патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски таблички, управувано од 21-годишниот Д.Ј. од истото село, удрило во двајца малолетници – на возраст од 14 и 12 години.

Од ударот, 14-годишното дете се здобило со тешки телесни повреди, додека другото дете поминало со полесни повреди. И двајцата биле пренесени и згрижени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Случајот бил пријавен во СВР Скопје, по што увид извршила полициска екипа, а возилото било одземено за понатамошна постапка.






Како што информира МВР, против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава во координација со јавен обвинител.

Но, драмата не завршила тука.

Само неколку часа подоцна, утрово околу 09:40 часот, истиот Д.Ј. пријавил дека бил физички нападнат од неколку лица, непосредно по сообраќајната несреќа. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот, а неофицијално се претпоставува дека нападот можеби бил од страна на луѓе блиски на повредените деца.

Поврзани содржини