УДРИЛ 3 ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА И ТУРНАЛ БАНДЕРА Возач на „Бе-Ем-Ве“ направил карамбол сред Прилеп

Според информациите од очевидци, има и повредени, а полицијата во моментов работи на утврдување на точните причини за настанатата незгода.

636

Teшка сообраќајка се случила попладнево на булеварот „Александар Македонски” во Прилеп, кај егејските згради, пишува Маркукуле кој објави фотографии од местото на настанот. Неофицијално, возач на „Бе-Ем-Ве” изгубил контрола и удрил во три други возила, а турнал и еден електричен столб.

Според информациите од очевидци, има и повредени, а полицијата во моментов работи на утврдување на точните причини за настанатата незгода.






На местото на незгодата има голем број насобрани граѓани, кои се вознемирени и велат дека секојдневно бесно се вози.

Се чекаат официјални информации од полицијата.

Поврзани содржини