Удрете на месо и на јајца ако сте ја примиле вакцината против ковид-19
Сите форми на стрес можат забележително да го намалат бројот на антитела - нагласи Гинзбург.
Руските научници им препорачаа на сите кои примаат вакцина против ковид-19 да консумираат храна богата со протеини, бидејќи нивниот недостиг, како и стресот, можат негативно да влијаат на создавањето антитела.
– Оние луѓе кои примаат вакцина против ковид-19 треба да јадат повеќе храна богата со протеини, бидејќи недоволно протеини можат негативно да влијаат на производството на антитела на коронавирус – изјавил Александар Гинзбург, раководител на рускиот истражувачки Институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, кој ја разви вакцината „Спутник 5“.
Тој објаснува дека производството на антитела е процес што троши многу енергија, па како што вели, внесот на месо, јајца и млечни производи, сериозно влијае на тоа, пренесе ТАСС.
– Луѓето кои ја примиле вакцината треба да се фокусираат на консумирање висококвалитетни протеини. Количината на храна богата со протеини потрошена во една земја покажува не само колку е богата нацијата, туку и колку е силен колективниот имунитет на населението – рекол Гинзбург.
Меѓу факторите кои можат негативно да влијаат на производството на антитела, научникот ги навел алкохолот и стресот.
– Сите форми на стрес можат забележително да го намалат бројот на антитела – нагласи Гинзбург.