Удрен пешак во судир на две возила на Никола Карев, а мерцедес се забил во бандера

323

На булевар .„Никола Карев“ во Скопје вчера попладне се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(37) од Скопје и патничко возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(26) од Скопје.

При незгодата, патничкото возило „пежо“ удрило во пешак Х.Е.(43) од Скопје и паркирано товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, кое се придвижило и удрило во бандера. По незгодата, С.С., Х.Е. и Џ.Б.(62) од Скопје, сопатник во патничкото возило „ауди“ биле пренесени во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“, каде на Х.Е. ѝ биле констатирани тешки телесни повреди, а на С.С. и на Џ.Б. телесни повреди.






Увид на местото на незгодата извршила екипа на СВР Скопје.

Поврзани содржини