„УДАР ЗА ПУТИН, ТОКМУ НА ВРЕМЕ“ Трамп дал зелено светло за санкции за Москва

Зеленото светло за гласање санкции доаѓа токму на време, кога Украина прави заложби за мир, додека Путин само зборува додека убива невини луѓе, напиша на социјалните мрежи сенаторот Линдзи Греам, нагласувајќи дека гласањето би можело да се одржи веќе следната недела.недела.

1,315

Американскиот претседател Доналд Трамп одобрил нов пакет санкции против Русија, потврди синоќа сенаторот Линдзи Греам по средба во Белата куќа. Со тоа, како што јавува „Политико“, Вашингтон подготвува нов притисок врз Москва и нејзините сојузници, во момент кога мировните обиди околу Украина повторно запаѓаат во ќорсокак.

Зелено светло од Белата куќа






– По продуктивниот состанок денес со претседателот Трамп, тој даде зелено светло за двопартискиот закон за санкции против Русија на кој работам со сенаторот Ричард Блументал и други колеги – изјави Греам, нагласувајќи дека гласањето би можело да се одржи веќе следната недела.

Од Белата куќа потврдија дека претседателот го поддржува предлог-законот, иако сè уште не е јасно дали конечната верзија целосно ќе ги задоволи барањата на администрацијата.

Санкции и за Кина и за Индија

Законот, според документите што ги објави „Политико“, предвидува воведување на секундарни санкции врз држави што продолжуваат да купуваат руска нафта и гас. Мерките би ги засегнале Кина, Индија и други партнери кои, и покрај западните рестрикции, одржуваат економски врски со Москва.

Предлогот ќе помине со „цврсто гласање“?

– Украина прави отстапки за мир, додека Путин продолжува да убива невини – додаде сенаторот Греам, повикувајќи на „навремено и цврсто гласање“ во Сенатот.

Иако претходни обиди за ваков закон беа заглавени во процедурите, американските аналитичари проценуваат дека сега, со експлицитната поддршка на Белата куќа, предлогот има реални шанси да помине.

 

Венецуела за Украина, одврзани раце за Москва?

Од друга страна, Дејли Мејл и Телеграф напишаа дека по успешната воена акција на САД во Венецуела и апсењето на Николас Мадуро, Трамп би можел да ја „трампа“ Венецуела за Украина.

Во дипломатските и безбедносните кругови расте загриженоста дека САД би можеле да ѝ дадат на Русија „слободна рака“ во Украина во замена за целосна американска доминација на Западната хемисфера. Како што пишуваат медиумите, оваа загриженост не е нова.
Поврзани содржини