УЧЕНИК СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ПЛАСТИЧНА ИГРАЧКА Полицијата затворила цело училиште во Виена заради претрес

Полицијата го затвори целото училиште и се претресува зградата, кат по кат. Полицијата само официјално потврди дека „операцијата е во тек“.

80

Голема полициска акција се одвивала денеска во стручното училиште во Линк Винцеил во Виена, Австрија, поради сомнение дека ученик се заканувал со огнено оружје.

Во меѓувреме било утврдено дека се работи за пластична играчка, јавија австриските медиуми.






Полицијата го затвори целото училиште, ja претресе зградата кат по кат и само официјално потврди дека „операцијата е во тек“.

Во акцијата учествуваа и специјалните единици Кобра и Вега, а од училиштето не сакаа да коментираат за состојбата.

Поврзани содржини