УЧЕНИЦИТЕ ДА СЕ ВРАТАТ НА УЧИЛИШТЕ Лажни се дојавите за бомби во Кавадарци
„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и по извршени проверки утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, велат од МВР.
Направени се сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Кавадарци дека на електронските адреси на училиштата била испратена закана за поставена експлозивна направа и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и по извршени проверки утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, велат од МВР.
Инаку, закани за бомби биле добиени утрово во пет училишта во Кавадарци, информацијата ја потврди за МИА Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
– Денеска околу 7 часот во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека на електронска адреса на пет училишта, две средни и три основни во Кавадарци е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот – информира Самарџиев.
Трендот со дојави за бомби во основните и во средните училишта трае веќе еден месец, а полицијата, како што признава и самиот министер Оливер Спасовски, не е ни блиску до откривање на сторителите.