УБИСТВО ВО ВРУТОК Пронајдено е женско тело избодено со нож, убиецот побегнал

Станува збор за жена по потекло од Република Албанија, родена 1967 година, која била мажена и живеела во Вруток, информираше Јавното обвинителство.

299

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар изврши увид на лице место во семејна куќа во селото Вруток, каде што вчера беше пронајдено безживотно тело на една жена со повеќе убодни рани од нож, информираше Јавното обвинителство.

„Станува збор за жена по потекло од Република Албанија, родена 1967 година, која била мажена и живеела во Вруток. Според првичните сознанија, смртта на жената настапила околу 24-48 часа пред нејзиното пронаоѓање. Јавниот обвинител издаде повеќе наредби за прибирање и вештачење на трагите пронајдени на лице место, како и за обдукција на починатата. Првичните траги упатуваат дека смртта е насилна и се трага по сторителот“, наведено е во соопштението.

Поврзани содржини