УБИСТВО ВО ГОСТИВАРСКО Застрелан жител на Дебреше

Од СВР Тетово потврдија дека кај нив има таква пријава и полициски службеници се на терен и според првичните сознанија, станува збор за убиство.

396

Помлад жител на гостиварското село Дебреше попладнево бил застрелан од огнено оружје и починал од здобиените повреди.

Едно лице починало од повреди нанесени со огнено оружје, попладнево во гостиварското село Дебреше. Две лица се осомничени дека пукале од автоматско оружје, а полицијата привела еден од осомничените. Според информациите од портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи, околу 17:15 часот во СВР Тетово било пријавено дека во гостиварско село Дебреше со автоматско оружје било пукано кон Р.К.(35) од Дебреше.






-Како осомничени извршители на делото се браќата Ј.В и Б.В. од истото село. Тиe во моментот на извршувањето биле во патничко возило Волво“ со швајцарски регистарски ознаки. Едниот од нив, Б.В. е приведен. Од него е одземена автоматската пушка со кое го извршил делото, наведува портпаролот Реџепи.

Во тек се дополнителни мерки и увид за расчистување на случајот.

Дебреше е едно најнаселените села во Гостиварската општина.

Поврзани содржини