УБИСТВА, СИЛУВАЊА, НАСИЛСТВА Ова се најопасните земји за жените во светот
Во ова рангирање се најде ѝ Македонија која според 0,806 индексни поени се најде на високото 37 место во светот од вкупно 167 земји.
Освојувањето на Авганистан од страна на талибанците покрена посебно вознемирувачко прашање: Што ќе се случи со правата на жените во овој дел од светот?
Сепак, вистината е дека во другите делови на светот, понежниот пол е жртва на дискриминација и насилство од секаков вид, вклучително и сексуално насилство, невработеност и недостаток на пристап до можности за развој.
Според податоците на Обединетите нации, околу 87.000 жени се убиени ширум светот од најблиските, што значи дека во просек по шест жени се убиени на час, според „World Atlas“.
Во ова рангирање се најде ѝ Македонија која според 0,806 индексни поени се најде на високото 37 место во светот од вкупно 167 земји. На врвот се наоѓа Норвешка со 0,904 поени, потоа во првите пет се и Швајцарија (0,893), Данска и Финска го делат третото место со 0,891 поен и Исланд која е на петата позиција со 0,888 индексни поени.
Нашата земја бележи подобрување во повеќе сегменти од рангирањето, па во споредба со 2017 има подобрување од повеќе од пет проценти и се наоѓа на седото место зад лидерот Данска, Австрија, Естонија, Нов Зеланд, Летонја, Литванија и Израел.
Ова се најризичните земји за жените, според „Women, Peace, and Security Index“ (2019/2020), кој ја мери и рангира благосостојбата на жените во сите земји во светот:
1. Јемен – 0,351
2. Авганистан – 0,373
3. Сирија – 0,416
4. Пакистан – 0,460
5. Јужен Судан – 0,479
6. Ирак – 0,490
7. Демократска Република Конго (ДРК) – 0,512
8. Централноафриканска Република (Јужна Африка) – 0,513
9. Мали – 0,539
10. Либија – 0,546
Индексот, објавен од Институтот за жени, мир и безбедност од Универзитетот Џорџтаун и Институтот за мировни студии во Осло (ПРИО), користи три главни области – вклучување, правда и безбедност, а со да ја претстави благосостојбата на жените ширум светот.
Тие се квантифицирани со користење на 11 индикатори за да се генерира проценка за секоја земја. Резултатот 1 е најдобриот можен резултат.
Според најновиот индекс „WPS“, Норвешка е на првото место со резултат 0,904, додека Јемен е на последното место со резултат од само 0,351. САД се рангирани на 19 место на листата со резултат 0,851. Индија – земјата која го зазема првото место на листата на најопасни земји во светот, објавена од Фондацијата Томас Ројтерс во 2018 година, се рангира на 133 место во ова рангирање.
Јемен е најопасната земја за жените. Блискоисточната нација е патријархално општество кое го подложува понежниот пол на сите форми на дискриминација, и до 2017 година, жените во Јемен немаат повеќето културни, социјални и економски права прифатени во остатокот од светот.
Авганистан е втората најопасна земја за жените, а враќањето на власта на Талибанците е страшна вест за милиони Авганистанки. Според нивното претходно владеење пред 20 години, образованието за девојчињата и жените беше забрането. Иако тие добија одредена слобода под веќе соборената влада, земјата останува опасна за нив.
Повеќето жени се подложени на различни форми на насилство, при што 90% од нив се соочуваат со семејно насилство (според извештајот на СЗО од 2015 година). Слободата на движење е ограничена, а понежниот пол сочинува помалку од 20% од работната сила, примајќи помала плата од мажите.
Други форми на дискриминација вклучуваат принудни и регулирани бракови и забрана за брак со муслиман-странец.