УБИЛЕ 8 ЛУЃЕ, ВО НИВ ИСПУКАЛЕ СТОТИЦИ КУРШУМИ Почна и се одложи судењето за деветмината обвинети од бандата Беланоца-Барон

Судијката Фанка Јанчулева-Михаиловска го одложи рочиштето за 15 август, ги одреди термините за следните рочишта до октомври и најави дека ќе се одржуваат во судницата во затворот „Идризово“.

707

Одложено беше судењето на деветтемината водачи и членови на криминалната група Беланоца-Барон, кои денеска беа спроведени во Основниот кривичен суд Скопје под силно полициско обезбедување. Тие се обвинети за повеќе убиства, изнуда и за загрозување на општата сигурност. Интервентната полиција која ги обезбедуваше во судницата беше под полна опрема, а полицајците носеа маски на лицата.

Судијката Фанка Јанчулева-Михаиловска ја отвори главната расправа и го одложи рочиштето за 15 август, затоа што беа отсутни неколку адвокати на дел од обвинетите. Таа предупреди дека нема да толерира повеќе вакви случаи и ако тоа се повтори судот ќе определи бранители по службена должност, за да не се одолговлекува постапката.






Обвинети се Фатљум Ајети познат како Тоте, Акиф Равмановски познат и како Јусуф АкифиБарон, Зулќуфли Нуредини, Акиф Мемиши, Абдула Садики, Шенаси Маслани, Мирвет Маслани, Гани Марку и Решад Исман. Дел од нив беа спроведени од притвор, а дел од затворот „Идризово“ каде што издржуваат затворски казни од други предмети.

Отсутни беа адвокатите Еленко Миланов, кој му е бранител на Фатљум Ајети, Јовица Страшевски, кој го брани Гани Марку и Мерџан Даути, кој е ангажиран од Решат Исмани. Адвокатите Миланов и Страшевски се на годишен одмор, за што е известен судот, а Даути го информирал судот дека мора да патува во странство поради здравствената состојба член од семејството.

На рочиштето се зборуваше за листите на докази што треба да ги достават обвинетите преку нивните бранители, на што дел се изјаснија дека веќе доставиле, а дел рекоа дека ќе го направат по воведните зборови на другите обвинети.

Судијката Јанчулева-Михаиловска ги одреди термините за следните рочишта до октомври и најави дека ќе се одржуваат во судницата во затворот „Идризово“.

Во обвинението, кое беше поднесено на 27 мај, се опфатени девет лица од групата Беланоца-Барон и уште една криминална група која нема формално име, но нејзините членови се дел од позната група во скопското подземје. Тие се товарат за повеќе убиства од кои неколку двојни.

Во истрагата за случајот беа опфатени и уште 7 лица, но тие се недостапни за органите за прогонот, а дел се починати, поради што постапката за нив е прекината.

Лицата од оваа група ја извршија ликвидацијата во угостителскиот објект „Шиша бар“ во март 2023 година, кога убија две лица. Тие се обвинети и за убиството на Орхан Бајрами-Оки во Ханиоти во Грција, кој се смета за неформален водач на криминалната група Дуќанџик, од селото Грчец, кои се ривали на групата Беланоца-Барон.

Ривалството со групата од Грчец, како што наведоа од Обвинителството на 27 мај, била и еден од главните мотиви за убиствата, но имало и други, како искажаните пцости на жртвата кон организаторот на ликвидацијата. Во еден случај мотив било и тоа што првообвинетиот се сомневал дека една од жртвите соработувала со институциите во предметот „Монструм“.

Во текот на 2020 година, тројца првообвинети создале организирана криминална група со цел извршување на сериозни кривични дела – пред сè убиства и други насилни дејствија. Организаторите на групата донесувале одлуки и давале конкретни насоки за цели, локации и начин на ликвидација на лица претежно од спротивставената криминална група. Дејствувале со јасна поделба на улоги, а плановите биле спроведувани од други членови – обвинети, починати или недостапни на органите на прогонот, а дел неидентификувани лица – соопштија од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција на брифингот на 27 мај.

Тие се обвинети за следните убиства:
– Убиството
на Ибраим Ајдини во август 2020 година. Првообвинетиот во име на радикалното движење понудил и платил 10 000 евра за убиството, мотивиран од сомнение дека жртвата соработувала со институциите во предметот „Монструм“. Жртвата била застрелана во својот дом, со истрел во главата. Извршителите ги отстраниле доказите и побегнале.

Убиството на Џелал Ибраими во јануари 2023 годниа. Организирано од групата како одмазда за лична навреда кон првообвинетиот. Убиството е извршено во домот на жртвата, со повеќе истрели. Исплатени се 20.000 евра на учесник во нападот.

Двојно убиство на Јетон Кривањева и Енес Исеинов во март 2023 годона, извршено како одмазда за претходни убиства (Шиша бар). Првообвинетиот обезбедил 250.000 евра и конкретни насоки. Нападот бил особено суров, извршен во деловен објект, со пукање од непосредна близина. Напаѓачите потоа го запалиле возилото и добиле логистичка поддршка за бегство.

Убиството на Орхан Бајрами (Оки) – јули 2023, извршено во Грција, во луксузен ресорт. Жртвата била следена преку легални и илегални премини. Нападот бил извршен од двајца маскирани напаѓачи кои испукале 19 куршуми, нанесувајќи три смртоносни рани на жртвата и тешко ранувајќи друго лице.

Во 2021 година, шестообвинетиот со двајца осомничени формирале нова криминална група, фокусирана на убиства од одмазда и ликвидација на членови од други криминални структури и тоа:

Убиство на Камер Идризи (Бундес) од мај 2021 година, извршено од шестообвинетиот и други лица, со 57 испукани куршуми. Жртвата била цел на одмазда за смртта на роднина на еден од организаторите.

Убиство на Абдуљ Бастри Ибраимовски – јули 2024, извршено поради нарушени односи и претходни конфликти. Во нападот биле користени автоматски пушки. Жртвата починала, а другото лице било тешко рането, а подоцна починало.

Убиство на Ибраим Исмаили Абиц, извршено во Сингелиќ од првообвинетиот, неговиот брат и осмообвинетиот. Биле испукани 65 куршуми.

УБИВАЛЕ ЗА 10.000 ДО 250.000 ЕВРА, УБИЛЕ 8 ЛУЃЕ, ПАЛЕЛЕ ОБЈЕКТИ И ВОЗИЛА НА ПОЛИЦАЈЦИ Полицијата и војската ја разбија мафијашката група „Беланоца – Барон“

Поврзани содржини