УБИЕНО Е 22-ГОДИШНО МОМЧЕ Крвава семејна тепачка во Струмица

Повредени се две жени и момче на возраст од 16 години.

6,529

Момче на 22-годишна возраст вечерва е убиено во Струмица во тепачка меѓу две семејства што се случи во турското маало на улицата Бетовенова, а еден шеснаесетгодишен малолетник е повреден, како и две жени.

Веста ја потврди директорката на струмичката болница, Катерина Кузмановска, која информираше дека момчето било прободено и било донесено мртво во болницата, додека повредените се надвор од животна опасност.






Според портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, пријавен e инцидент на улица Бетовенова во Струмица, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Од полицијата повеќе информации за настанот најавуваат за утре.

Поврзани содржини