📽 УБИЕНИТЕ ВО ПРЕСТРЕЛКАТА ВО АТИНА БИЛЕ СТРАНСКИ ДРЖАВЈАНИ Откриени детали за вооружениот инцидент во кој загинаа 6 лица

Станува збор за странци кои, очигледно, биле нападнати од заседа. Полицијата трага по мотор и црн автомобил во кои наводно побегнале сторителите.

1,271

Во вооружениот инцидент што се случи доцна попладнево во Атина, непознати лица убиле шест странски државјани кон кои испукале 25 куршуми, јавува Прототема.

 

Грчкиот весник објави фотографии од автомобилот во кој се пронајдени пет од шесте жртви.






Станува збор за странци кои, очигледно, биле нападнати од заседа. Полицијата трага по мотор и црн автомобил во кои наводно побегнале сторителите.

Убиството во предградието Артемиса се случило денеска попладне. Грчките медиуми објавија дека полициските радио станици добиле информации за пукање во кое на крајот животот го загубија шест лица.

Пет жртви биле пронајдени во возило со германски регистарски таблички и уште една пред возилото.

Според првите информации, се работи за меѓусебна пресметка.

Поврзани содржини
na