УБИЕНИОТ ЧАИРЧАНЕЦ ВО ПРИШТИНА БИЛ ВМЕШАН ВО УБИСТВОТО ВО „ШИША БАР“? Македонија го барала со меѓународна потерница, а тој си живеел на Косово со сменет идентитет
Македонија го барала со распишана меѓународна потреница, тој си живеел во Косово со автомобил со македонски таблички и со сменет идентитет, објави Телма.
За ликвидираниот во Приштина, Блерим Даци алиас Шабани, скопскиот Кривичен суд имал одобрено меѓународна потерница бидејќи во неговиот стан му било најдено оружје во рамки на истрага за тешки кривични дела. Но судијата му определил само домашен притвор, па откако Обвинителството барало затворски притвор, скопскиот кривичен суд му определил 30 дена во Шутка.
Но, тој веќе бил во бегство. Според информациите на Телма, ликвидираниот Даци алиас Шабани бил опфатен и во истрагата за двојното убиство во „Шиша Бар“ во Скопската чаршија. Разузнавачки извори тврдат дека Даци издржувал и затворска казна во Пакистан за учество во вооружена група на Ал Каеда.
„Македонија го барала со распишана меѓународна потреница, тој си живеел во Косово со автомобил со македонски таблички и со сменет идентитет. Бегството на Блерим Даци алиас Шабани (официјалните лични документи му се презиме Шабани) се расветли со нов злостор, тој синоќа е ликвидиран во Приштина. Убијците избегале, ги фрлиле двата калашњикови со кои пукале во 41-годишниот чаирчанец и ја запалиле колата со која го чекале во убиствената заседа. Но, по неговото убиство во Приштина, извори од истрагата потврдија дека застреланиот Даци алиас Шабани бил меѓу осомничените за нападот и двојното убиство во Шиша бар кое се случи во март во старата скопска Чаршија“, објави Телма.
Тој случај сѐ уште не е расветлен, но изворите на Телма тврдат дека постоеле големи сомнежи дека и Даци бил вмешан во тој крвав инцидент иако знаеле дека веќе бил во бегство во Косово.