Убиени се сто цивили и запалени се нивните домови во село во Буркина Фасо 

243

Вооружени лица убија 100 цивили во напад врз село во северниот дел на Буркина Фасо, соопшти владата на таа африканска земја.

„Напаѓачите го извршиле нападот синоќа и ги убиле жителите на селото Солхан, а нивните домови ги  запалиле“, се додава во соопштението.






Владата ги означи напаѓачите како терористи.

Други детали сè уште не се објавени.

Поврзани содржини