УБИЕНИ ДВАЈЦА ПОЛИЦАЈЦИ ВО ГЕРМАНИЈА Непознат сторител ги изрешетал при рутинска контрола

Без разлика на мотивот зад злосторството, овој чин потсетува на егзекуција и покажува дека полицајците секојдневно си ги ризикуваат животите за нашата безбедност, рече министерката Фајзер.

3,496

Двајца полицајци се убиени со огнено оружје при рутинска сообраќајна контрола во германскиот округ Кусел. Причината за ова грозоморно дело е нејасна, а сторителот е во бегство.

Нема опис на сторителот, не се знае во какво возило бил или во кој правец побегнал од местото на настанот – локален пат во близина на селото Улмет во западна Германија.






Се знае само дека насилникот е вооружен, но дека можеби ги има повеќе. Полицијата ги повикала мештаните да не примаат автостопери во возилата, поради можноста убиецот на тој начин да избега.

Како што се наведува, се работело за рутинска сообраќајна контрола во областа Кусел, во близина на границата со Луксембург. Престрелката се случила околу 4 часот и 20 минути изутрината, а ранетите полицајци преку радио успеале да повикаат засилување. За жал, за нив било доцна, па полицајката (24) и полицаецот (29) им подлегнале на повредите.

– Колегите се шокирани, сите се знаеме овде – изјави портпаролот на полицијата за Шпигел.

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фајзер изрази револт поради фаталното пукање во кое загинаа двајца полицајци во западниот дел на Кусел.

– Без разлика на мотивот зад злосторството, овој чин потсетува на егзекуција и покажува дека полицајците секојдневно си ги ризикуваат животите за нашата безбедност – рече министерката Фајзер.

– Моите мисли се со семејствата, пријателите и колегите на жртвите. Ќе направиме се што можеме за да ги фатиме сторителите – додаде таа.

Службениците претходно пријавиле дека во возилото пронашле убиен дивеч.

Поврзани содржини