УБИЕНА ЕДНА ОД НАЈДОБРИТЕ АТЛЕТИЧАРКИ ВО СВЕТОТ Агнес Тироп имала убодни рани по телото
Оваа вест длабоко ги потресе не само кениската и африканската јавност, туку и светската, а Тироп се подготвуваше во иднина и во маратонска дисциплина да конкурира за медал од големите натпреварувања.
Кениската атлетичарка, 25 годишната Агнес Тироп е пронајдена мртва. На телото имала и неколку убодни рани.
Оваа атлетичарка беше една од најдобрите на светот во дисциплината 10.000 метри, дисциплина во која го освои бронзениот медал на СП во 2017 година.
Таа настапи и на Олимписките игри во Токио оваа година каде го освои четвртото место.
Наводно за нејзиното убиство се сомничи нејзиниот сопруг, а Атлетската федерација на Кенија ќе ги одложи сите натпреварувања во следните месец дена.
Оваа вест длабоко ги потресе не само кениската и африканската јавност, туку и светската, а Тироп се подготвуваше во иднина и во маратонска дисциплина да конкурира за медал од големите натпреварувања.