УБИЕН ШЕФОТ НА ИРАНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ Маџид Хадеми пет децении бил во тајната служба

Иранските државни медиуми објавиле дека Хадеми е мртов, но притоа не дале повеќе детали.

125

Шефот на разузнавачката служба на Иранската револуционерна гарда, Маџид Хадеми, е убиен денес во напади на САД и на Израел, соопшти иранската револуционерна гарда.

Да потсетиме дека како одговор на израелско-американските напади, Техеран ги таргетираше претежно енергетските објекти на Блискиот Исток поврзани со САД и Израел, за што зборуваше портпаролот на иранскиот Генералштаб.






Во соопштението на иранската револуционерна гарда, е наведено дека Хадеми пет децении имал голема улога во иранскиот разузнавачки и безбедносен апарат.

Ројтерс пренесува дека иранските државни медиуми објавиле дека Хадеми е мртов, но притоа не дале детали.

Поврзани содржини