Убиен демонстрант во протестите, запалена црква во близина на Белата куќа
На само 300 метри од седиштето на американскиот претседател се наоѓа црквата „Сент Џон“, која била мета на подметнат пожар.
Најмалку едно лице загина во во Лујсвил, Кентаки за време на протестите поради смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд, откако безбедносните сили отворија огран врз демонстрантите.
Шефот на полицијата во Лујсвил,, Стив Конрад изјави дека инцидентот се случил кога биле повикани припадниците на градската полиција и националната гарда го растераат насобраниот народ пред еден маркет.
– Полицајците и војниците почнаа да го расчистуваат паркингот, а во еден момент беше пукано врз нив. И полицијата и војската возврати и еден маж почина на местото на инцидентот – истакна Конрад.
Тој додаде дека полицијата испрашува неколку лица и собира видео-снимки од инцидентот.
Демонстранти запалија црква во близина на Белата куќа
Повеќе пожари избија во близина на Белата куќа, откако мирните протести се претворија во вандализам, резултирајќи со палење на згради и масовни кражби.
На само 300 метри од седиштето на американскиот претседател се наоѓа црквата „Сент Џон“, која била мета на подметнат пожар.
Снимките од местото на инцидентот покажуваат оган се шири низ храмот, чии ѕидови претходно биле испишани со графити.
Собирот се одржа во знак на протест поради убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд.
Црквата, која е стара два века, е меѓу најпознатите културни знаменитости во Вашингтон и била посетена од секој претседател на САД.