УБИЕЦОТ ШТО ПОКОСИ СТУДЕНТИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ БРАУН Е НА СЛОБОДА Човекот приведен во хотел нема врска со нападот

Полицијата објави снимка од десет секунди на која се гледа како осомничениот брзо бега по пуста улица по пукањето.

380

Лицето уапсено во врска со пукањето на Универзитетот Браун во американската држава Род Ајленд во саботата, во кое беа убиени две лица, а девет беа ранети, ќе биде ослободено, објави обвинителството.

– Нема причина да се смета за потенцијален осомничен. Затоа е ослободен – изјави главниот обвинител на Род Ајленд, Питер Неронха, осврнувајќи се на претходно уапсеното лице.






Во меѓувреме, продолжува потрагата по осомничениот напаѓач.

– Се чини дека убиецот е на слобода, па затоа нема да го откриеме нашиот план за да можеме  го пронајдеме – рече Неронха.

Полицијата објави снимка од десет секунди на која се гледа како осомничениот брзо бега по пуста улица по пукањето.

Вооружен човек во саботата отвори оган во елитниот универзитет во Провиденс, Род Ајленд, во зграда каде што се одржуваа испити.

Во нападот беа убиени две лица, а девет беа ранети. Од деветте ранети студенти, осум се сериозно повредени, но во стабилна состојба, изјави во саботавечер Брет Смајли, градоначалник на Провиденс, главен град на малата федерална држава Род Ајленд.

САД имаат највисока стапка на смртни случаи од огнено оружје од која било развиена земја. Во таа земја има повеќе огнено оружје во оптек отколку што има жители.

Пукањето со огнено оружје е евидентен проблем што голем број различни влади не успеаја да го надминат и спречат.

Во 2024 година, повеќе од 16.000 луѓе, не сметајќи ги самоубиствата, беа убиени од огнено оружје, се наведува на веб-страницата на Архивот за насилство со огнено оружје.

Поврзани содржини