УБИЕЦОТ СЕ ЧУВСТВУВАЛ МАЛТРЕТИРАНО Оставил писмо пред да го изврши масакрот во Грац

Австрискиот весник „Кронен цајтунг“ пишува дека истражителите кои го пронашле писмото во куќата на 21-годишниот убиев сметаат дека нападот бил однапред испланиран. 

840

Во писмото пронајдено во куќата на убиецот во областа Грац-Умгебунг, Артур А. напишал дека се чувствувал малтретиран, пренесуваат австриските медиуми.

Писмото го пронашла полицијата, но оттаму одбиваат да дадат информации за мотивот бидејќи, како што велат, сè уште се потребни обемни кривични истраги.






Артур А., утрово во Грац го изврши најсмртоносниот напад во Австрија по Втората светска војна.

Попладнето ште една жена почина во болница од здобиените повреди, со што бројот на загинати порасна на 11, вклучувајќи го напаѓачот, кој извршил самоубиство во тоалетот на училиштето.

Во нападот загинаа и ученици од 5-то и 8-мо одделение, меѓу кои се две девца од БиХ и едно девојче од Косово.

Австрискиот весник „Кронен цајтунг“ пишува дека истражителите кои го пронашле писмото во куќата на 21-годишниот убиев сметаат дека нападот бил однапред испланиран.

Поврзани содржини