УБИЈЦИТЕ НА ДВАЈЦАТА РЕЗЕРВИСТИ И НАТАМУ НЕПОЗНАТИ Одбележани 20 години од погибијата на полицајците Николиќ и Јанкоски

Тогашната истрага утврди дека кон нив пукале непознати лица со автоматско оружје од автомобил што се движел. Во настанот уште еден резервист беше ранет и го преживеа нападот.

1,051

Со комеморативен помен собир во гостиварската населба Циглана денеска се одбележаа 20 години од загинувањето на полициските резервисти Александар Николиќ и Даил Јанкоски од Гостивар.

Претставници од ОВР Гостивар, Македонскиот полициски синдикат, политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, роднини и пријатели на загинатите во спомен и слава на загинатите, на местото на погибијата положија цвеќе и запалија свеќи, а со минута молчење им оддадоа почит. Свештеник од гостиварското архиерејското намесништво отслужи опело за покој на душите.






Гостиварците Николиќ и Јанкоски ги загубија животите додека беа должност на полициски пункт ноќта на 26 август во 2002 година. Тогашната истрага утврди дека кон нив пукале непознати лица со автоматско оружје од автомобил што се движел. Во настанот уште еден резервист беше ранет и го преживеа нападот.

По иницијатива на здруженијата на бранителите и полициски синдикат пред десет години на објектот што е непосредно до местото на трагичниот настан е поставена спомен-плоча.

Поврзани содржини