УБЕР-ТАКСИСТИТЕ ИМ НАПЛАЌАЛЕ ЕКСТРА НА ИНВАЛИДИТЕ Ќе бидат тужени од американското министерство за правда

Иако од Убер тврдат дека се работи за не повеќе од 60 американски центи по возење, Министерството за правда ќе ги тужи за кршење на Законот за Американците со посебни потреби, а првите 1,1 милион долари отштета во април му биле исплатени на еден слеп патник.

239

Такси-компанијата Убер, која направи тектонски поместувања во такси-бизнисот во САД е на тапет затоа што им наплаќала повеќе на луѓето во количка за екстра времето кои им требало да влезат во колата или воопшто, да се појават на закажаната локација, пишува Би-Би-Си.

Иако од Убер тврдат дека се работи за не повеќе од 60 американски центи по возење, Министерството за правда ќе ги тужи за кршење на Законот за Американците со посебни потреби, а првите 1,1 милион долари отштета во април му биле исплатени на еден слеп патник.






А, како е тоа во Македонија? Ние сè уште немаме апликација со која ќе можеме на клик да викаме таксија, но има најави дека Убер може да се појави и во други земји. Но, со новиот скандал компанијата и сите останати транспортни компании во САД прво ќе „мораат да обезбедат еднаков пристап за сите луѓе, вклучително и оние со попреченост“, напишала обвинителката Кристен Кларк, која нагласува дека тужбата има за цел да испрати „моќна порака дека Убер не може да ги казни патниците со попреченост само затоа што им треба повеќе време за да влезат во автомобил“.

Прво им наплаќале плус, потоа им ги враќале парите

Од Убер се правдаат за тужбата на повеќе начини. Првиот аргумент е дека тие секогаш им ги рефундирале тие 60 центи на оние патници кои тоа отпосле го побарале од компанијата. Другиот аргумент е дека сепак, надоместоците за времето на чекање „никогаш не биле наменети за возачите кои се подготвени на нивната одредена локација за пикап, но им треба повеќе време за да влезат во автомобилот“, вели нивниот портпарол.

„По неодамнешната промена минатата недела, сега секој возач што ќе потврди дека е хендикепиран ќе има автоматски укинати такси“, додаде тој.

фото: твитер

Го виделе параолимпиецот како мавта на улица и го одминале

Убер почна да им наплаќа на патниците за „времето на чекање“ во 2016 година. Фирмата вели дека на возачите во просек им се наплаќа помалку од 60 центи и дека патувањата достапни за инвалидска количка или патувањата со Убер Асист стандардно немаат такси за време на чекање.

Не е прв пат Убер да се најде во топла вода поради проблеми со инвалидитет. Во април, на слепа жена во Сан Франциско ѝ беше наложено да ѝ плати 1,1 милион долари, откако возењето ѝ беше одбиено во 14 наврати. Во Обединетото Кралство, параолимпискиот медалист Џек Хантер-Спајви во септември изјави дека Убер и другите таксисти редовно го избегнувале кога виделе дека тој е корисник на инвалидска количка.

Студијата од 2020 година на Универзитетот во Тенеси покажа дека за лице со хендикеп во САД да го постигне истиот стандард на живеење како другите луѓе потребни му се 28 отсто повеќе приходи од лицата без инвалидитет.

Не треба целиот притисок да биде врз Убер

Американското здружение на лица со посебни потреби (ААПД) соопшти дека забележала многу случаи кога возачите на Убер се оддалечиле кога виделе дека патникот користи инвалидска количка, патерици, шетач или службено куче.

– Самото тоа што постои попреченост е доволно. Тоа е огромен проблем – рече г-ѓа Таун од Здружението за Би-Би-Си, потсетувајќи се на инцидент од 2017 година во врска со маж во Тексас кој имал генетско нарушување што влијаело на неговиот изглед.

Таа, сепак, рече дека е неправедно од Убер да се очекува од лицата со посебни потреби да ги користат само неговите услуги достапни за инвалидска количка или Убер Асист.

 

Поврзани содржини