УБЕДЛИВА ПОБЕДА НА ГЕРМАНИЈА Македонија претрпе тежок пораз

Головите беа постигнати во второто полувреме. Најпрво Каи Хаверц го отвори резултатот, а потоа два пати во листата на стрелците се запиша Тимо Вернер, за конечниот резултат да го постави Џамал Мусијала.

1,166

Прв пораз за македонската фудбалска репрезентација на домашен терен во квалификациите за Светското првенство 2022. Вечерва во Скопје „црвено-жолтите“ беа целосно надиграни од фаворитот Германија која славеше победа со 4:0.

Гостите од самиот почеток покажаа дека на „Тодор Проески“ се дојдени со цел да се реваншираат за поразот во Дуисбург во март со 1:2.






Сепак, по првото полувреме и покрај доминацијата на „панцирите“ резултатот остана оној почетниот, 0:0.

Головите беа постигнати во второто полувреме. Најпрво Каи Хаверц го отвори резултатот, а потоа два пати во листата на стрелците се запиша Тимо Вернер, за конечниот резултат да го постави Џамал Мусијала.

Македонскиот национален тим падна на 3. место со 12 бода, но сè уште е со шанса за второто место кое води во баражот.

На другите две средби од 8. коло, Романија – Ерменија 1:0 и Исланд – Лихтенштајн 4:0. Романците се втори со 13 бода, Ерменците се четврти со 12, Исланд има 8, Лихтенштајн е последен со еден бод

Поврзани содржини