Љубчо Георгиевски: Македонските Бугари се чувствуваат загрозени поради бугарското вето
Во серијата ирационални објаснувања, пристигна најновото објаснување на бугарското МНР дека со зелено светлно за македонска интеграција во ЕУ ќе се направило предавство кон оние 88.450 граѓани на Македонија кои имаат и бугарско државјанство, се вели во партиското соопштение.
Со загриженост ги следиме објаснувањата кои доаѓаат од соседна Бугарија со цел да го оправда катастрофалниот чекор со ставањето вето на европската перспектива на Македонија и тоа со максимална ескалација на негативните односи помеѓу двете држави, соопшти ВМРО-Народна.
– Во серијата ирационални објаснувања, пристигна најновото објаснување на бугарското МНР дека со зелено светлно за македонска интеграција во ЕУ ќе се направило предавство кон оние 88.450 граѓани на Македонија кои имаат и бугарско државјанство – се вели во партиското соопштение.
ВМРО-Народна, која се декларира како партија која во своите редови има голем број на членови кои покрај тоа што поседуваат бугарско државјанство, се изјаснуваат и како македонски Бугари, сметаат дека фактите го зборуваат токму спротивното.
– Додека трае овој спор ниту еден македонски граѓанин што поседува бугарски пасош, се декларира за македонски Бугарин или пак едноставно декларирал пријателство кон Бугарија, нема кажано никаков позитивен збор за бугарското вето, напротив сите тие се чувствуваат загрозени дека оваа кратковида политика која што доаѓа од Бугарија ја загрозува иднината на нивните семејства и нивните блиски – соопшто партијата.