УБАВО Е ДА СЕ ГЛЕДА КАКО ИГРА МАНЧЕСТЕР СИТИ Диего Симеоне го призна поразот

Англичаните го добија мечот со 1:0 со голот на Кевин Де Брујне во 70. минута.

191

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, ги сумираше впечатоците од четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Манчестер сити.

Англичаните го добија мечот со 1:0 со голот на Кевин Де Брујне во 70. минута.






– Добар настап против извонреден клуб кој успеа да собере многу играчи од светска класа во одличен тим. Сакавме добро да се браниме, да го намалиме просторот и да ги загрозиме со контранапади. Токму кога изгледавме дека сме ги создале нашите најдобри шанси, тие го постигнаа единствениот гол. Тоа беше многу тежок натпревар. Отстрануваат тројца одлични играчи и ги заменуваат со тројца подеднакво одлични момци. Признавам дека уживам да ја гледам играта на Сити. Какво трпение имаат. Но и двете екипи се стремевме кон истото – да победиме. Можеби се најдобриот тим во светот. Малку ќе ја промениме играта на реваншот, но не им е гајле – ќе играат на ист начин. Ние со напорна работа ќе се обидеме да се натпреваруваме со нив. Само да видиме каде ќе се одвива мечот – изјави Симеоне на официјалната веб-страница на УЕФА.

Реваншот ќе се одигра на 13 април на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид. 

Поврзани содржини