УБАВ ГЕСТ НА ЕДИСОН КАВАНИ Роналдо пак ќе ја носи „седумката“ во Јунајтед

За Роналдо да ја носи „седумката“ отстапка мораше да направи уругвајскиот напаѓач Едисон Кавани, кој отсега ќе игра во дресот со бројот 21, објавија денеска британските медиуми.

591

Португалецот Кристијано Роналдо ќе го носи бројот седум на дресот на Манчестер јунајтед како што тоа беше случај додека настапуваше за премиерлигашот во периодот од 2003 до 2009 година.

За Роналдо да ја носи „седумката“ отстапка мораше да направи уругвајскиот напаѓач Едисон Кавани, кој отсега ќе игра во дресот со бројот 21, објавија денеска британските медиуми.






– Не бев сигурен дали повторно ќе можам да го имам бројот седум на дресот и затоа големо благодарам до Кавани за неговиот убав гест – изјави Роналдо.

Португалскиот напаѓач би можел да дебитира за „црвените ѓаволи“ на 11 септември на првенствениот натпревар против Њукасл.

Поврзани содржини