УАПСЕНО Е МОМЧЕТО КОЕ УБИ ЕДЕН, А РАНИ ДРУГ ПОЛИЦАЕЦ ВО БИХ Нападот е прогласен за тероризам

Истиот извор наведува дека напаѓачот потекнува од семејство чиј татко е член на вахабистичкото движење, а често е виден со истомисленици во кафуле во Босанска Крупа.

198

Малолетникот кој синоќа уби еден полицаец и рани друг во Босанска Крупа има 15 години и е уапсен, соопшти МУП на Унско-санскиот кантон.

Тој синоќа ја нападна полициската станица во Босанска Крупа, каде уби полицаец од Босански Нови и рани полицаец од Босанска Крупа. Нападот го извршил со ладно оружје, прво го нападнал полицаецот кого го убил, а потоа интервенирал повредениот полицаец.






Малолетниот е радикално обучен исламски верски фанатик, тврди за АТВ извор близок до истрагата.

– По убиството на полицаецот, истражителите пронајдоа пораки во кои напаѓачот Елмир С. изјавил дека причините за нападот на полицијата се ‘поддршка на ционистите, желбата за Европската унија, убиства на невини муслимани и убиство на шеикот Јусуф Барчиќ’ (лидер и основач на движењето салафи во БиХ, кој загина во сообраќајна несреќа во Тузла во 2007 година) -, изјави изворот за АТВ.

Истиот извор наведува дека напаѓачот потекнува од семејство чиј татко е член на вахабистичкото движење, а често е виден со истомисленици во кафуле во Босанска Крупа.

Неговиот профил на Фејсбук, кој е полн со исламистички карактеристики, укажува дека тој е исламски екстремист, наведува АТВ.

Како што е прецизирано, на фотографијата во позадина на профилот стои знамето на бригадата „Абдула Азам“, односно милитантна група која е дел од Ал Каеда во Либан.

На улиците на Босанска Крупа во текот на ноќта беа присутни голем број припадници на специјалната полиција, униформирана полиција, како и инспектори на МУП УСК.

Поврзани содржини