УАПСЕНИ СЕ 60 НЕОНАЦИСТИ ВО РУСИЈА Организацијата е формирана од украинската тајна служба?

Москва соопшти дека „денацификацијата“ е една од целите на нејзината воена операција во Украина, посочувајќи на големото влијание што го имаат антируските „нацисти“ во Киев.

680

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека во акции спроведени во 23 региони низ Русија уапсила 60 приврзаници на украинска „неонацистичка“ организација, како и дека во акциите е запленето оружје.

ФСБ претходно ја има идентификувано наводната организација како МКУ, а руската државна телевизија во декември соопшти дека кратенката значи „Манијаци. Култ на убиство“.






Според руските безбедносни служби, екстремистичката група е формирана од украинскиот државјанин Јегор Краснов, под патронат на разузавачките служби во Киев, со цел организирање и извршување терористички акти, убиства и екстремистички злосторства на руска територија.

Москва соопшти дека „денацификацијата“ е една од целите на нејзината воена операција во Украина, посочувајќи на големото влијание што го имаат антируските „нацисти“ во Киев.

Поврзани содржини