УАПСЕНИ 13 ДРЖАВЈАНИ НА АЛБАНИЈА Полицијата ги фатила како работат без дозвола во Охрид
Државјаните на Албанија вчера легално влегле во Македонија, но работеле без соодветна дозвола, соопшти полицијата.
Граничната полиција уапси 13 државјани на Албанија кои нелегално работеле во Охрид. Тие вчера легално влегле во Македонија, но работеле без дозвола.
„На 14.4.2025 година во 13 часот, во близина на хотелски комплекс на улицата Наум Охридски во Охрид, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад, приведоа 13 албански државјани кои претходно беа затекнати при изведување градежни активности, без да поседуваат соодветна дозвола за работа. Од преземените мерки, констатирано е дека тие на 14.4.2025 година оствариле легален влез во државата но, не поседувале соодветни одобренија и дозвола за привремен престој по основ на работа, согласно член 80 од Законот за странци“, соопшти СВР Охрид.
Тие немале ни сертификати, се додава во сооптението.
„Сертификатите биле обврзани да ги поседуваат согласно со предвидените норми за имплементацијата на Законот за ратификација на Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан. По целосно документирање на настанот, Регионалниот центар Запад, ќе поднесе соодветна пријава“, соопшти охридската полиција.