Уапсени 11 лица кои ги навредуваа Рашфорд, Санчо и Сака по финалето на Евро 2020

Од илјадниците навредливи пораки објавени на социјалните мрежи, 123 се од профили на луѓе кои не се од Велика Британија.

207

Британската полиција уапси 11 лица кои ги навредуваа играчите на Англија, Букајо Сака, Маркус Рашфорд и Џејдон Санчо по финалето на ЕП 2020 против Италија.

Од илјадниците навредливи пораки објавени на социјалните мрежи, 123 се од профили на луѓе кои не се од Велика Британија.






– Има луѓе кои мислат дека можат да се кријат зад профилот на социјалните медиуми и да објавуваат такви одвратни коментари неказнето. Треба повторно да размислат – имаме истражители кои активно бараат навредливи коментари во врска со овој натпревар, и ако се утврди дека се прекршување на законот, тогаш и други луѓе што ги објавиле ќе бидат уапсени. Нашата истрага напредува со добро темпо и ние сме благодарни на луѓето што не информираа за расистичките објави – изјави истражителот Марк Робертс.

За потсетување, Сака, Рашфорд и Санчо не реализираа во пенал-серијата во финалето на Европското фудбалско првенство 2020.

Поврзани содржини