📽 УАПСЕН УШТЕ ЕДЕН ОД НАПАЃАЧИТЕ НА КОСОВО Полицијата информира за убиени тројца напаѓачи, приведени двајца и уште четворица осомничени
При контрола на одредени локации, станбени згради и возила, кои, како што наведуваат од Косовската полиција, терористичката група со која ги блокираше патиштата, вклучително и возилата што се наоѓаа околу манастирот во Бањска, беше пронајдена полна со арсенал оружје.
Kосовска полиција вечерва соопшти дека надлежните полициски единици го уапсиле вториот напаѓач, кој исто така бил во воена униформа и вооружен со пушки и муниција, пренесоа српските медиуми.
„Досега, според информациите од теренот, убиени се тројца напаѓачи, уапсени се двајца напаѓачи и четворица осомничени кои се фатени во нелегално поседување радио комуникации, а се сомничат дека се поврзани со терористичка група“, се наведува во соопштението на косовската полиција.
Се додава дека во доцните часови интензитетот на нападите врз полицајците е намален, но дека безбедносната состојба се уште е тензична.