УАПСЕН ШВЕРЦЕР НА МАКЕДОНСКО-КОСОВСКАТА ГРАНИЦА Одземени две товарни возила со криумчарена стока
Полициските службеници од РЦГР Север денеска околу 08:00 часот постапувајќи согласно Оперативниот план за спречување на криумчарење преку државната граница, на подрачјето на с. Танушевци, поточно на граничната линија помеѓу с. Танушевци и с. Мијак, забележале лица како вршат претовар и размена на стока во товарно возило „фолксваген“ со косовски национални ознаки и товарно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки – соопшти Министерството за внатрешни работи.

-Веднаш се преземени соодветни мерки и активности за запирање на возилата и легитимирање на лицата, по што од слобода е лишен А.А. (43) од Скопје, кој го управувал возилото „пежо“, додека возачот со возилото „фолксваген“ се дал во бегство на косовска територија. Воспоставена е координација со припадници на косовската полиција – Task Force, кои презеле мерки за негово запирање, при што возилото излетало од патот, се наведува во соппштението на Министерството.
Од МВР посочуваат дека двете возила се одземени за понатамошна постапка, известен е јавен обвинител и по целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.