📽️ УАПСЕН НЕСОВЕСНИОТ ВОЗАЧ Прегази 79-годишна жена и избега, МВР го фати на Средно Водно

Возачот кој вчеравечер прегази 79-годишна жена на пешачки премин во центарот на Скопје е уапсен неколку часа подоцна на патот кон Средно Водно.

2,685

Возачот кој вчеравечер ја прегази 79-годишна жена во центарот на Скопје е уапсен. Несреќата се случила на пешачкиот премин кај гимназијата „Јосип Броз Тито“, кога џип марка „Фолксваген Тигуан“ со голема брзина удрил во постарата жена, а потоа го напуштил местото на настанот.

Полицијата веднаш започнала потрага и по неколку часа, возилото и возачот биле лоцирани на патот кон Средно Водно.






„Лицето е пронајдено и лишено од слобода. По целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, потврдија од Министерството за внатрешни работи.

Очевидци сведочат дека жената уредно поминувала по пешачкиот премин кога џипот ја удрил, а возачот без двоумење избегал.

„Сцената беше ужасна, луѓето трчаа да ѝ помогнат, а тој едноставно избега“, изјави една скопјанка која го снимила настанот и видеото го објавила на социјалните мрежи.

Повредената жена е пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што лекарите констатирале тешки телесни повреди. Според сведоци, благодарение на брзата реакција на минувачите и Итната помош, животот ѝ бил спасен.

Поврзани содржини