📽 УАПСЕН НАСИЛНИКОТ ОД СРЕМСКА МИТРОВИЦА На поранешната сопруга и го одгризал образот, луѓето гледале и не реагирале
Насилникот прво ја влечел жената за коса, а потоа ја удрил и ја притиснал со главата на ѕидот од зградата на болницата во Сремска Митровица пред која се случил инцидентот, а потоа брутално ја гризнал и ѝ откинал парче од образот.
Српската полиција го уапсила Дамјан О., насилникот од Сремска Митровица по кого од понеделник интензивно трагало откако насилно ја нападнал поранешната невенчана сопруга – објави Блиц.
Српските медиуми објавија дека насилникот прво ја влечел жената за коса, а потоа ја удрил и ја притиснал со главата на ѕидот од зградата на болницата во Сремска Митровица пред која се случил инцидентот, а потоа брутално ја гризнал и ѝ откинал парче од образот.
Поголема трагедија спречиле двајца случајни минувачи кои и притекнале на помош на жената и успеале да го избркаат насилникот, а видеото од оваа случка се појави на социјалните мрежи.
— Kalabaster (@KalabasterJak) August 22, 2023
Човекот кој го избрка насилникот и објави видео од инцидентот на социјална мрежа вели дека не знае што ќе се случело со жената доколку не и притрчале на помош.
– Со сета сила ѝ ја залепи главата за ѕид и потоа ја гризна за образот. Жената рече дека се разведени и дека тој има забрана за приближување, но полицијата не реагира на тоа. Жената отишла во болница и излегла со медицински документи, но полицијата сепак не дошла. Некои минувачи гледаа се, без да реагираат, како да се во театар – напишал човекот кој ја спречил трагедијата и го објавил видеото за да го разоткрие насилникот.