УАПСЕН Е ВОЗАЧОТ ШТО УДРИ ВЕЛОСИПЕДИСТ Полицијата му го одзеде возилото
Б.Џ. (51) од Скопје денеска околу 11.40 часот на улицата Лазар Личеновски во Скопје со патничко возило „тојота“ со бугарски национални ознаки удрил во модифициран велосипед со три тркала управуван од Р.У. (37), кој е пренесен во ГОБ „8 Септември“, соопшти полицијата.
Лишен е од слобода возачот кој со возило удри велосипедист во Скопје, соопшти полицијата.
„Полициски службеници од СВР Скопје денеска, 1.4.2025 година, го лишија од слобода Б.Џ. (51) од Скопје затоа што денеска околу 11.40 часот на улицата Лазар Личеновски во Скопје со патничко возило „тојота“ со бугарски национални ознаки удрил во модифициран велосипед со три тркала управуван од Р.У. (37) од Скопје. Р.У. е пренесен за укажување на лекарска помош во ГОБ „8 Септември“, а Б.Џ. е лишен од слобода и привремено му е одземено и возилото. Против него, по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти полицијата.