УАПСЕН Е ВОЗАЧОТ КОЈ ПРЕГАЗИ ДЕВОЈЧЕ ВО ВЕЛЕС Побегнал од местото на несреќата, а два дена ѝ бегаше и на полицијата

Денеска во 11.30 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Велес во Велес го уапсија 29-годишниот А.Н. од Велес, кој во саботата околу 22.15 часот на ул. Борис Трајковски во Велес со патничко возило „мерцедес" со велешки регистарски ознаки удри во пешаците Е.И.(43) и нејзината малолетна ќерка, по што го напушти местото, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

743

По скоро два дена поминати во бегство, полицијата денеска конечно го приведе момчето кое во саботата вечерта со своето возило усмрти 11-годишно девојче во Велес, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Денеска во 11.30 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Велес во Велес го уапсија 29-годишниот А.Н. од Велес, кој во саботата околу 22.15 часот на ул. Борис Трајковски во Велес со патничко возило ‘мерцедес’ со велешки регистарски ознаки удри во пешаците Е.И.(43) и нејзината малолетна ќерка, по што го напушти местото. Притоа, малолетното девојче почина на местото, а нејзината мајка се здоби со телесни повреди. Лицето е приведено во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, наведено е во полициското соопштение.






ВОЗЕЛ ЛУДО, ГИ ПРЕГАЗИЛ НА ПЕШАЧКИ ПРЕМИН!? Полицијата трага по побегнатиот возач што усмрти девојче

Поврзани содржини