УАПСЕН Е АКТЕРОТ СЕРГЕЈ ТРИФУНОВИЌ Направил сообраќајка, а позитивен бил на кокаин

Трифуновиќ не е одговарен за сообраќајната несреќа, но било утврдено дека нема А категорија, како и дека е позитивен на кокаин и канабис.

4,390

Познатиот спрски актер Сергеј Трифуновиќ е уапсен во Белград, јавуваат српските медиуми.

На 28 мај во 19 часот и 40 минути на Врачар, Белград, се случила сообраќајка незгода.






До судир дошло помеѓу мотор управуван од актерот Сергеј Трифуновиќ и автомобил, пишува српски „Курир“.

Во несреќата нема повредени, но причинета е материјална штета.

Трифуновиќ не е одговарен за сообраќајната несреќа, но било утврдено дека нема А категорија, како и дека е позитивен на кокаин и канабис.

Тогаш му било одредено задржување во времетраење од 12 часа поради дрога.

Поврзани содржини