УАПСЕН АЛБАНСКИОТ „РАМБО“ 36-годишникот планирал да убие политичари во градот Лежа
Ќе ги убијам политичарите од Лежа, и ќе им го искоренам злобното семе, рекол Лека.
Албанскиот „Рамбо“ Антонио Лека од градот Лежа беше уапсен од градската полциција откако неговиот брат Ник ја известил дека Антонио се вооружал. Тој го видел брат му во униформа и панцир. Подоцна, полицијата нашла цел арсенал оружја во неговиот автомобил, јаува Ора Њуз. Видеото од апсењето можете да го разгледате овде.
Полицијата го запрела Антониот на патот Милот-Лежа. При апсењето Антонио Лека не им покажал никаков отпор на полицајците, туку им рекол дека се упатува кон Лежа, за да ги убие политичарите.
– Ќе ги убијам политичарите од Лежа, и ќе им го искоренам злобното семе – рекол Лека.
Во моментов тој е во притвор, додека во наредните денови се очекува да се појави пред судот во Лежа, за да се запознае со безбедносната мерка „притвор во затвор“ што ќе ја побара обвинителството.