УАПСЕН 40-ГОДИШЕН ПРИЛЕПЧАНЕЦ Дома му пронашле муниција и пиротехника

Покрај муницијата и пиротехничките средства, одземени се и 12 испукани чаури, како и 64 различни монети и повеќе други предмети.

127

Полицијата во Прилеп уапсила 40-годишен жител на градот, кај кого при претрес биле пронајдени големо количество муниција и пиротехнички средства. Акцијата била спроведена на 29 октомври, по судска наредба од Основниот суд Прилеп, во домот и помошните простории на лицето П.В.

При претресот, полициските екипи пронашле и одзеле 13 боеви куршуми од различен калибар, рамка за пиштол, држач за куршуми од пушка, 21 парче муниција за гасен пиштол, сигнален куршум, регулатор за гасови за сигнален пиштол, како и 167 парчиња пиротехника. Одземени се и 12 испукани чаури, 64 различни монети и повеќе други предмети.






П.В. бил приведен на лице место, а по целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини