Уапсен 19-годишник од Кондово поради обид за убиство

1,502

Секторот за меѓународна полициска соработка со асистенција на Единицата за интервентна полиција, ноќеска во 02 часот го привеле 19-годишниот А.А. од село Кондово, за издржување казна затвор од пет години за кривично дело „обид за убиство“, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

МВР информира дека утринава во шест часот полициски службеници од Теарце го привеле Е.Б. (28) од село Слатино за издржување  казна затвор во траење од шест години во КПД Идризово,  а во врска со чл.237 ст.1 од Кривичниот законик.

Поврзани содржини