УЈП ГИ ПОТСЕТУВА ДАНОЧНИТЕ ОБВРЗНИЦИ Имате уште 3 дена да ги доставите ДДВ-04 пријавите
Од очекуваните 41.171 ДДВ-04 пријави, поднесени се вкупно 16.015, што е близу 40% од вкупниот број на даночни обврзници кои треба да поднесат пријава и претставува зголемување од 10 п.п. во однос на претходните два квартала.
Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници да ги достават потребните документи до своите сметководители и навреме да ги поднесат ДДВ-04 пријавите за тековниот даночен период. Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите е 25-ти јули 2025 година (петок).
„Досега, од очекуваните 41.171 ДДВ-04 пријави, поднесени се вкупно 16.015, што е близу 40% од вкупниот број на даночни обврзници кои треба да поднесат пријава и претставува зголемување од 10 п.п. во однос на претходните два квартала, кога за истиот период биле поднесени околу 30% од очекуваните пријави. Сепак, остануваат уште 25.156 ДДВ-04 пријави да се поднесат до петок кога е и крајниот законски рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите“, информираат од УЈП.
Управата за јавни приходи апелира до сите даночни обврзници да ги исполнат своите законски обврски навремено, за да избегнат стрес и дополнителни финансиски трошоци.
„Навременото поднесување на ДДВ-04 пријавата е од исклучителна важност за правилното усогласување со даночните прописи, одржување на финансиската стабилност на бизнисите и за развојот на економијата“, велат од УЈП
Даночните обврзници кои имаат потреба од дополнителни информации или поддршка можат да се обратат на:
Е-пошта: [email protected]
Телефонски броеви:
• Од фиксна линија: 0800 33 000
• Од мобилен телефон: 02 3253 200
„Управата за јавни приходи и нејзините стручни тимови во секое време стојат на располагање за да обезбедат информации и поддршка со цел успешно исполнување на даночните обврски од страна на даночните обврзници“, се вели во соопштението.