УЈП: Достапно барањето за субвенционирање на придонесите во медиумите

На работодавачот – медиум за секој осигуреник за месец јуни, јули и август 2020 година му се субвенционира 100 отсто од износот за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување.

368

Управата за јавни приоди го постави барањето за субвенциоирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за медиуми.

Од УЈП информираат дека дека работодавачот односно медиумот за искористување на ова право треба да поднесе образец БС-ПЗСОM до Управата за јавни приходи преку системот е-Даноци, при што  Управата за јавни приходи, во рок од пет дена од денот на доставувањето, ја потврдува комплетноста на барањето.






– На работодавачот за секој осигуреник за месец јуни, јули и август 2020 година му се субвенционира 100 отсто од износот за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување – појаснуваат од УЈП

Начинот на пополнување на Барањето за субвенционирање на износ за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување  за вработени во медиуми – образец БС-ПЗСОМ е составен дел на барањето, односно е појаснет во Упатството за пополнување.

субвенционирањето на медиумите е дел од мерките на владата за справвуање со последиците од коронакризата. Владата донесе и уредба за тоа.

Според Уредбата со Законска сила за субвенционирање на износ за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработени во медиуми работодавач-медиум може да ја користи мерката субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработените во медиумите кои работеле и известувале за надминување на состојбата со COVID -19 за времетраење на вонредната состојба, за  месеците јуни , јули и август 2020.

Поврзани содржини