Њујорк тајмс: Саудиски оперативци обучувани во САД го убиле Кашоги

Обуката се одржала од безбедносната компанија со седиште во Арканзас, Група Тиер 1, што е во сопственост на приватната компанија Серберус Капитал Менаџмент, со одбранбена природа и со цел – заштиа на саудиските лидери, наведува весникот.

302

Четворица Саудијци кои учествуваа во убиството на новинарот на Вашингтон пост во 2018 година, Џамал Кашоги, поминале паравоена обука во САД според договор одобрен од Стејт департментот, објави Њујорк тајмс.

Обуката се одржала од безбедносната компанија со седиште во Арканзас, Група Тиер 1, што е во сопственост на приватната компанија Серберус Капитал Менаџмент, со одбранбена природа и со цел – заштиа на саудиските лидери, наведува весникот.






Новинарот на „Вашингтон пост“, Џамал Кашоги, беше убиен во комплексот на конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, на 2 октомври 2018 година, кога отиде во конзулатот да ги добие документите потребни за брак, а неговите останки никогаш не беа пронајдени.

Турција ги обвини саудиските власти за убиството на новинарот, но тие негираат дека политичкиот врв бил вклучен во овој ужасен настан.

Ријад првично го негираше убиството, а потоа тврдеше дека тоа го извршиле саудиски агенти кои дејствувале самостојно. Според саудиските власти, станува збор за „одметничка операција“. За убиството обвинија дваесетина одметнати пониски офицери, од кои пет беа осудени на смрт по едногодишно судење.

Поврзани содржини